Со новите фотографии со Хејли, Џастин Бибер ги замолчи гласините за брачните проблеми

Точка

17/07/2025

17:08

642

Големина на фонт

а а а

Џастин Бибер одлучи да ги замолчи шпекулациите за проблеми во бракот со Хејли Бибер – и тоа на многу едноставен начин. Пејачот на Инстаграм објави низа фотографии од одмор, без никаков опис, а на првата фотографија се гледа како ја бакнува Хејли во образ.

Џастин и во својата музика се осврнува на нивната врска – во новиот албум „Swag“, кој го објави по пауза од четири години, отворено зборува за брачните предизвици. Во песната „Walking Away“, признава дека не е секогаш лесно во нивниот однос, но и нагласува дека нема намера да си замине и дека сака да остане покрај Хејли без разлика на сè.

Извори тврдат дека парот не размислува за развод

Неговата објава доаѓа неколку недели откако „Us Weekly“ објави изјави од извори блиски до парот, кои тврдат дека поминуваат низ тежок период. „Џастин последниве недели е тежок за соработка поради неговите лични проблеми“, рекол еден извор и додал: „Хејли е таа што го држи семејството на куп и останува стабилна. Нејзе ѝ е многу тешко.“


Сепак, истиот извор тврди дека развод не е тема на разговор: „Не зборуваат за развод.“

Друг извор нагласил дека Џастин и Хејли сè уште веруваат дека се сродни души. „Веруваат дека се создадени еден за друг и ќе направат сè што е можно за нивната врска да опстане.“

Бибер се огласи за својата состојба

Да потсетиме, во последно време нивните обожаватели изразија голема загриженост за нивниот брак, но и генерално за пејачот.

Откако луѓето масовно почнаа да му коментираат објави со пораки дека треба да побара помош, пејачот објави подолг пост во кој тврди дека е „скршен“.


„Луѓето постојано ми велат да оздравам. Зар навистина мислите дека досега не би го направил тоа ако можев да се поправам? Знам дека сум скршен. Знам дека имам проблеми со гневот. Цел живот се обидувам да работам на себе за да бидам како луѓето кои ми велат дека треба да се поправам – како нив. А тоа само ме прави сè поуморен и полут.“

„Колку повеќе се трудам да растам, толку повеќе сум фокусиран на себеси. Исус е единствениот што ме поттикнува да го насочам својот живот кон другите. Затоа што, искрено, последно време сум исцрпен од размислувањето за себеси. А вие не сте?“, напиша неодамна Џастин на Инстаграм.