Минатата година, еден од најзгодните холивудски актери го загрижи светот. Крис Хемсворт откри дека мора да го намали бројот на работни часови, но и да ги промени животните навики доколку не сака да се соочи со сериозен здравствен проблем. Оттогаш ретко се појавува на јавни настани, но повремено се појавуваат фотографии од Австралија, само толку колку да ја разгорат имагинацијата на бројните обожаватели.
Австралискиот актер, кој стана славен по улогата на нордискиот бог Тор, дозна дека поради генетски предиспозиции има осум до десет пати поголем ризик да заболe од Алцхајмерова болест. Крис Хемсворт ја дознал оваа дијагноза за време на снимањето на серијата „Limitless“, во која не само што ги поместуваше границите на човечката издржливост, туку и на сопствените. Совладуваше различни физички предизвици, како слободно искачување по облакодери и нуркање во ледена вода.
Како и секој вистински Австралиец, и Хемсворт е страствен сурфер, а своето тело редовно го обликува во теретана, па и на 42 години важи за еден од најзгодните актери на денешницата. Сепак, мрачната прогноза го натера да „повлече рачна“. Направи пауза од кариерата, особено од снимањето акциони сцени, и одлучи повеќе време да поминува со семејството.
Со шпанската убавица Елса Патаки имаат три деца. Поради нив, уште во 2015 година се преселил од хаотичниот Лос Анџелес во Бајрон Беј, во Нов Јужен Велс, а враќањето во татковината се покажало како мудра одлука.
На другата страна од Пацификот оди само кога има работа во холивудските студија. Но, бидејќи неодамна започнал превентивна терапија – станува збор за револуционерни третмани со матични клетки кај доктор Кан, светски лидер во областа на регенеративната медицина – за ова лето нема најавени премиери.
Но, и Австралија има папараци. Точно знаат која плажа им е омилена на познатата двојка, па често ги чекаат во заседа. Нема весник што може да одолее на суператрактивниот Хемсворт и неговата седум години постара сопруга, која исто така е голем љубител на фитнесот. И на Елса можеме само да ѝ позавидиме на совршеното тело – родила три деца и веќе добро чекори низ петтата деценија од животот.
„Нејзиниот агент ни ја организираше средбата и така сè започна. За само неколку часа целиот мој свет се преврте. Порано не верував дека пеперутки во стомакот навистина постојат. Но, знаете што – навистина постојат!“.
Елса е родена во Мадрид. Нејзиниот татко е угледен шпански биохемичар, а мајка ѝ – историчарка на уметност со романско потекло. Завршила новинарство, течно зборува пет јазици, но отсекогаш поседувала и талент за глума, кој на крајот надвладеал. Пред Хемсворт, три години била во врска со неговиот колега, оскаровецот Едриен Броди.
А моќниот Тор? Ако не е на снимање, тогаш е на даска за сурфање. Ако не ги „кротува“ брановите, тогаш со децата пушта змејови на плажа. А ако му се придружи и згодната сопруга – ете идеална можност за папараците за совршен улов! Фановите, секако, нема да имаат ништо против.