Љубовната бајка на актерот Метју Меконахи можеби започнала како во вистински холивудски филм. Но, до денес останала една од најстабилните врски во светот на познатите.
Жената на својот живот Камила Алвес, актерот ја запознал во ноќен клуб во западен Холивуд во 2006 година и љубовта веднаш била воочлива.
„Се појави и се движеше од лево надесно пред моите очи во тој клуб. Изгледаше како да лебди. И не реков кој е тоа, туку реков што е тоа и тогаш се претстави. Од таа вечер не сакав да поминам време ниту со една друга жена“, раскажал актерот своевремено за „People“.
Од друга страна, Камила имала малку поразлично видување.
„Имавме две средби во барот. Првиот пат не знаев кој е тој. Не сфатив кој е“, рекла Камила.
Ленс Армстронг којшто таа вечер бил со Метју во клубот помогнал работите да се разјаснат. Три вечери подоцна, Метју и Камила излегле на првиот љубовен состанок.
Скоро една година откако почнале да излегуваат нивната романса била потврдена. Од првата средба Камила била покрај актерот, следејќи го во Австралија и на Бахамите каде снимал.
„Тој баш сака да се мачи. Не се жали кога одат на планинарење 10 дена без чиста облека или туширање“, изјавил изворот.
Бремената Камила и Метју Меконахи првпат се појавиле заедно на црвениот тепих во 2008 година.
„Бев многу нервозна. Излегувавме одредено време и бев со него на премиера, но се вовлекував од задниот влез за да ја зачуваме нашата приватност. Ова беше првпат да имаме момент на „еве сме“ и кога застанавме на црвениот тепих дуваше ветер, а мојот лелеав фустан се крена до меѓуножјето. Се смеев цело време затоа што не можеш да го поправиш или спречиш тоа, тогаш можеш да се смееш“, се присетила Камила.
Подоцна истата таа година, Камила и Метју станале родители на малиот Леви Алвес Меконахи, а две години подоцна нивното семејство било побогато за уште еден член, Вид Алвес Меконахи.
Веридба по 5 години врска
Една година откако го добиле второто дете, актерот ја запросил својата долгогодишна девојка и мајка на нивните деца.
По шест месеци од веридбата и шест години врска, актерот и Камила три дена ја славеле својата љубов и се венчале во Остин. Церемонијата на венчавката се одржала пред 120 гости. Парот во 2012 година го доби синот Ливингстон.
Актерот никогаш не криел колку му е важна поддршката од сопругата, а како што истакнал во говорот по освојувањето на Оскар во 2014 година, неговото семејство сака да го направи гордо.
Во една прилика Камила открила како ја одржуваат страста во бракот со оглед на тоа што имаат три деца и кариера.
„Понекогаш тоа е само одмор дома, една ноќ во хотел којшто е оддалечен на 15 минути од дома. Но, спакувајте ги куферите. Одете една вечер. Може да зборувате и да спиете следниот ден. Прошетајте, појадувајте и ручајте заедно“.
Нивната бајка трае 19 години, а како што открил актерот своевремено, Камила и тој никогаш не поминале повеќе од девет дена одвоено.