Најевтини дестинации во Европа: Неочекуваниот број 1 е за сечиј џеб, а никогаш не би ви паднал на памет

Точка

31/07/2025

09:44

5.152

Големина на фонт

а а а

Ако планирате спонтано патување во некој од европските градови, погледнете кои можат да се покажат како најдостапни за вашиот буџет.

Патувањата со ограничен буџет во екот на туристичката сезона за многумина изгледаат како предизвик, но сепак се сосема можни, покажува годишниот извештај на „Post Office Travel Money“, кој ги споредува трошоците за кратки патувања во различни европски градови.

Во анализата се вклучени просечните цени на авионските билети, сместувањето, јавниот превоз и храната во рестораните. Во 2025 година, цените се споредени во 38 градови, а победникот многумина ги изненади бидејќи не е меѓу најпопуларните летни дестинации.


Рига – најевтината европска дестинација

За најповолна дестинација е прогласена Рига, главниот град на Летонија. Според пресметките на „Post Office Travel Money“, просечниот трошок за престој на две лица за две ноќевања, кој вклучува сместување, оброци, влезници за атракции и градски превоз, изнесува околу 290 евра. Тоа е повеќе од двојно поевтино во споредба со викенд во популарни градови како Барселона или Фиренца.

Рига може да се пофали со Стариот град кој е на листата на „UNESCO“, готски и барокни архитектонски богатства, интересна кујна богата со шумски печурки и риба, како и нови места како уметнички кафулиња и бутици со дела од локални уметници и дизајнери. Цените, како што наведуваат од Британската пошта, се достапни за сечиј џеб.


На второто место на листата се најде Вилнус, главниот град на Литванија, додека Варшава го зазеде третото место. На листата се наоѓаат и градови како Подгорица и Лисабон, кој е издвоен како престолнина со најповолни цени за храна. Меѓу првите десет се и Гдањск, шестиот по големина град во Полска, како и Краков.

Од друга страна, за најскапи европски градови за посетители се прогласени Осло, Копенхаген и Единбург.