[ВИДЕО] „Платив 2.400 евра за една ноќ, а добив сомнителен детаљ над креветот“ – како изгледа единствениот хотел во светот со 7 ѕвезди?

Точка

29/07/2025

22:21

3.319

Големина на фонт

а а а

Британскиот влогер Хари одлучил да го сподели своето искуство од единствениот хотел на светот со седум ѕвезди, сместен во Дубаи.

Иако официјално не постои хотелска категоризација со седум ѕвезди, оваа ознака е маркетинг израз којшто се користи да го истакне исклучителниот луксуз и ексклузивност.

Најпознатиот пример за таков хотел во Дубаи е токму хотелот којшто го посетил Хари, „Burj Al Arab“, често нарекуван и „единствениот хотел со седум ѕвезди на светот“.

Собата во која престојувал чинела 2.400 евра за една ноќ, а она што го добил за тие пари звучи како од соништата.

Во состав на хотелот се наоѓа ексклузивен „бич клуб“, базени со тобогани и дури и ресторан со Мишелинова ѕвезда. На гостите им стојат на располагање водени паркови, базени со вештачки бранови и бројни луксузни содржини.

Што се однесува до самата соба, Хари истакнува дека била голема и елегантно уредена, со позлатени детали, дури и телевизорот бил позлатен.


Високите плафони се реткост во светот на хотелите, а еден детаљ Хари не можел да не го забележи и рекол дека е многу сомнителен, огледало поставено на плафонот над креветот.

Во собата имало и голем орман, фен, луксузен тоалет со мермер и туш кабина, џакузи. Храната и пијалаците не биле евтини. Кока-кола чинела околу 10 евра, вода 11, чоколадно млеко 17 евра. Сепак, Хари добил бесплатен шампањ.

Најимпресивниот дел од собата, според неговите зборови е погледот.


„Имам чувство како да сум надвор од Дубаи и да го гледам своето кралство. Се чувствувам како крал“, рекол тој.

Дали цената за 2.400 евра од вечер е оправдана? Иако е далеку од просекот, престојувањето во овој хотел претставува единствено искуство за оние кои сакаат да го почувствуваат врвот на луксузот.