Александар Караклиќ – познат како „Like Flamingo“ на социјалните мрежи – ова лето се впуштил во интересна мисија: без пари и со автостоп низ цела Европа.
Преминувајќи ја Европа автостоп со минимални трошоци и 60-от ден од ова патување го дочекал на идилична португалска плажа.
Александар одлучил да ја понесе снаодливоста стекната со животот во Србија на патувањето низ Европа – и да види до каде ќе го одведе тоа. Од Франција и Скандинавија, преку Германија, па сè до Португалија, овој патник наоѓал начини да преживее со минимални трошоци.
„City Magazine“ неговиот „систем“ го сумира во следниве точки:
• Стопира на автопати (и споделува совети како да се биде „најдобриот автостопер на паркингот“).
• Бара можности сè што може да направи, да го направи џабе или со минимални пари – само за да остане „во игра“.
• Спие во кампови – и се обидува да не остави ниту едно евро.
• Сето тоа го документира во своите видеа, нудејќи им на гледачите можност да го следат од ден на ден.
Неговите видеа не се само „травел блог“, туку „real-life“ реалити шоу во кое дознаваме што јаде кога нема пари и колку часови може да стопира, гледаме како изгужван излегува од шатор во некоја пустелија, „фаќаме финти“ додека преговара со фризери за бесплатна фризура, запознаваме интересни ликови со кои се вози…
„Кога мислиш дека Балканот ништо не извезува – ќе се појави „Like Flamingo“ и ќе ти ја продаде снаодливоста спакувана со насмевка“, гласи еден од коментарите.
Александар моментално ужива на брегот на Португалија – не баш како што тоа го замислуваат Инстаграм инфлуенсерите, но со армија следбеници кои се воодушевени од оваа авантура.