„Спиев со 2.500 жени во мојот живот. Работев како стриптизер, па ми беше лесно. Не се гордеам со тоа“, неодамна рече Сарпер Гувен.
Овој Турчин работел како стриптизер, личен тренер, манекен, а се појавувал и во ријалити шоуа…
Тој стана познат преку учеството во ријалити шоуто „90 Day Fiance: The Other Way“, каде што беше прикажана неговата врска со Шекина Гарнер. Денес тој работи како фитнес тренер.
Инаку е многу активен на социјалните мрежи, каде често објавува фотографии од теретана и разни луксузни дестинации.
На социјалните мрежи го користи прекарот „The Retired Badboy“, сугерирајќи дека го напуштил својот поранешен начин на живот.
Меѓутоа освен што е личен тренер, Сарпер свири гитара и повремено ги споделува своите музички изведби со следбениците.
Исто така тој држи работилници и семинари за самодоверба и личен развој, а покрај студирањето меѓународен бизнис, тој посетувал и курсеви по исхрана за подобро да ги советува своите клиенти.