[ФОТО] Топлесот ѝ е второ име: Дури и пред децата се шета разголена

Точка

07/08/2025

22:15

4.199

Големина на фонт

а а а

На плажите низ поранешна Југославија порано можеа да се забележат доста странски туристки кои шетаа по крајбрежјето во топлес комбинации, но се чини дека денес има сè помалку такви, а сè повеќе конзервативни ставови.

Познатата манекенка Хајди Клум, некогаш една од најубавите жени во светот и најплатената манекенка, дефинитивно не се согласува со ова и продолжува да му покажува на целиот свет колку го обожава своето тело.


Клум има 52 години, а на нејзиниот животен стил многумина му се восхитуваат. На социјалните мрежи редовно покажува дека речиси никогаш не носи горен дел од бикини и дека секоја плажа е всушност „нејзина“ топлес плажа.


И не само што не се двоуми да шета разголена пред непознати луѓе, туку не се двоуми ниту да ја покаже кожата и пред своите деца.


Точно, таа е навикната да покажува речиси сè на модните писти, по кои со децении самоуверено чекорела, но иако многумина мислеа дека откако ќе ја напушти манекенската кариера ќе се смири и ќе се „покрие“, таа го покажува сосема спротивното – дека сè уште ужива во тоа.

И додека некои ја поддржуваат нејзината „бесрамност“, други ја осудуваат, а Хајди во едно интервју изјави дека таквиот однос со децата е сосема во ред за неа.


„Секогаш сум била многу отворена во врска со моето тело. Кога се сончам во дворот, понекогаш сум топлес. Јас сум Европејка… Моите деца таква ме знаат и веројатно поради тоа имаат порелаксиран став кон сопственото тело“, објасни Клум.


Од друга страна нејзината ќерка Лени тргна по нејзините стапки и веќе снимија неколку кампањи за разни брендови за долна облека.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk