Најниската „VW Буба“ на светот е хит на „TikTok“

Супермен

07/08/2025

18:29

1.168

Големина на фонт

а а а

Автомобил од кој останале само покривот и хаубата, а сепак е во возна состојба, е дело на еден Американец, а последниве денови неговите видеа кружат на социјалните мрежи.

Видео кое собра над неколку милиони прегледи на „TikTok“ овие денови привлече огромно внимание, бидејќи изгледа како „глич“ – грешка во видеоигра при која автомобилот „потонал“ во патот, но останал функционален. Сепак, станува збор за вистинско видео – „Volkswagen Буба“ е пресечена по должина на возилото, од неа останале само покривот и хаубата, а вешт мајстор успеал во остатокот од каросеријата да вгради погон и да ги скрие тркалата, па така да се вози наоколу.

Авторот на оваа „Буба“, која ја нарекува „Half Ass“ (претпоставуваме дека преводот не е потребен), е Тексашанецот Стив Лоди. Возилото го придвижува мал погон од картинг болид, со пренос и тркала позајмени од скутер на „Honda“, а преработката е направена за само неколку дена пред околу две години. Од тогаш, автомобилот е уреден за изложби, а каде и да се појави, сите се вртат по него.

Во продолжение погледнете неколку видеа од оваа „полу-Буба“, кои се хит на социјалните мрежи, а доколку ве интересира приказната за тоа како е создадена, можете да ја најдете на овој линк. Преработката била инспирирана од официјално најнискиот автомобил на светот, „Fiat Panda“ од Гинисовата книга на рекорди, за кој исто така неодамна пишувавме.






Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk