Автобусите во Пакистан имаат седишта од бизнис класа сместени во – багажникот

Супермен

11/08/2025

16:26

1.321

Големина на фонт

а а а

На интернет се проширија снимки од автобуси во Пакистан кои имаат посебно место во возилото за „бизнис класа“. Кај некои пакистански автобуси, делот за „бизнис класа“ седишта е сместен на долното ниво, на местото каде што кај стандардните меѓуградски автобуси обично се наоѓа просторот за багаж.

Ова се најчесто преработки на приватни превозници, но не и стандардна понуда на сите големи автобуски компании. Седиштата во овој простор обично се пошироки, со големи потпирачи за нозе и поголем простор меѓу редовите, а до нив се пристапува преку посебни скали од главниот дел на автобусот или преку надворешни врати.

Погледнете како изгледа тоа:


Ваков распоред овозможува дел од патниците да патуваат во значително поудобни услови, но значително го намалува просторот за багаж. Се претпоставува дека е наменет за патници кои патуваат со малку или без багаж и се подготвени да платат повисока цена за поголема удобност.

А багажот?

Луѓето во коментарите на социјалните мрежи пишуваат дека им се допаѓа ова, но им е нејасна една работа – каде со багажот.

„Ова е неверојатно, но каде да се стави багажот?“, „Сакам да го пробам ова“, „Има ли тоалет?“, „Луѓето се многу креативни“, „Голема предност“, се некои од коментарите.

И навистина, каде со багажот? Имено, таквите автобуси мора да имаат решение. Веројатно постојат помали багажници во кабината, полици над седиштата, слично како во авионите, но со ограничен капацитет. Исто така, некои автобуси имаат дополнителен багажен простор зад последниот ред седишта, што би можело да послужи за куфери. Ако „бизнис класата“ е наменета за патници на пократки релации, превозникот може да го ограничи багажот само на рачни торби и ранци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk