Ако некој знае како да постави модни трендови и да нè упати што е тоа што се носи во текот на годината, тогаш тоа е Бела Хадид.
Познатата манекенка Бела Хадид секогаш импресионирала со својот изглед, а нејзините модни изданија сè уште се коментираат и сега кога одлучи да направи мала пауза и на некој начин да се повлече од јавноста.
Бела, особено во последно време, во текот на кариерата се соочувала со многу негативни коментари за својот изглед, но таа на тоа одговарала со провокативни фотографии во бикини.
Сега, откако се вратила во Лос Анџелес, брзо објавила низа фотографии на кои најмногу внимание привлече нејзиното модно издание, а повторно нѐ потсети зошто е едно од најпознатите имиња во светот на модата.
Бела избрала комплет со туфни кој се состои од кратки шорцеви и топ, а на сите им е веќе познато дека туфните се вистински хит оваа сезона.
Сѐ тоа го комбинирала со црни мокасини и бомбер јакна.
И покрај сè, повторно имаше некои кои коментираа дека манекенката сè уште е премногу слаба, но многу побројни беа позитивните коментари.
„Се врати мајката на играта“, „Повторно си тука“, „Совршена си“, „Изгледаш одлично“ беа некои од коментарите.