Според зборовите на невронаучничката, предизвикувањето на мозокот на нови начини помага во формирање нови неврони.
Во книгата „Атомски мозок“, авторката и истражувачка Беатриз Лареа објаснува дека предизвикувањето на мозокот ја поттикнува неврогенезата, т.е. формирање нови неврони. Всушност, студиите покажале дека колку поголема когнитивна стимулација доживувате во текот на годината, толку имате помал ризик од деменција.
Учење и невропластичност
„Невропластичноста е способност на мозокот да се приспособува, менува и реорганизира во текот на животот“, објаснува докторката Амаха Манрике од клиниката „Бјути концепт“ во Мадрид.
„Нашите неврони можат да формираат нови врски, да ги зајакнат постоечките или да создадат алтернативни патишта“.
Мозокот создава нова врска и патишта кога учиме нешто ново.
„Колку повеќе користите некој пат, тој станува појак и побрз. Но, доколку престанете да го користите, тој може да исчезне, создавајќи или отворајќи нови патишта до истите цели“, објаснува таа.
„Почетокот на било каква активност, со љубопитност на дете, може да му помогне на нашиот мозок да создаде нови патишта“.
Состојба на умот
Сетете се на сите оние моменти кога сте започнале ново хоби или сте развиле вештина на работа. Сте биле мотивирани и фокусирани.
Ништо не можело да ви пречи во тоа. Времето изгледало како да не постои. Ова се нарекува состојба на умот и не само што ја поттикнува невропластичноста туку го зголемува и чувството на благосостојба.
„Кога ќе се најдеме нурнати во некоја активност која навистина ни се допаѓа, која е доволно предизвикувачка и не е здодевна, но толку е тешка што фрустрира, тоа е состојба на умот“, објаснува тренерот по личен развој Лаура Г. Ортиз де Зарате.
„Тоа се случува со задачите поради кои го губиме поимот за време“.