Дињата е едно од најпопуларните освежителни овошја во текот на летните месеци.
Бидејќи содржи дури 90% вода таа е клучен сојузник во хидрирањето на телото, особено во периоди на високи температури кога кожата станува сува и чувствителна поради изложеност на сонце, море или хлорирана вода.
Експертите истакнуваат дека дињата е богата со антиоксиданти и бета-каротен, кои помагаат во подготовката на кожата за изложување на сонце и се борат против слободните радикали – молекули одговорни за забрзано стареење на кожата. Затоа дињата е природен и здрав начин да ја одржите кожата свежа и негувана во текот на летото.
Покрај тоа што има корисен ефект врз кожата, дињата има значаен ефект и врз дигестијата. Поради богатата содржина на влакна, таа помага за подобра екскреција и придонесува за рамен стомак. Исто така, таа е нискокалорично овошје – во 100 грама диња има само 34 калории, што ја прави погодна за оние кои внимаваат на исхраната.
За многу луѓе, летото може да донесе проблем со отечени и тешки нозе. Дињата е природен диуретик кој помага во отстранувањето на вишокот вода од телото, што го ублажува чувството на тежина во нозете. Поради високата содржина на калиум и калциум, дињата може да го намали и отокот на долните екстремитети.
Сезоната на диња трае од јули до септември, па затоа е препорачливо да ја вклучите во секојдневната исхрана во текот на летото. Меѓутоа, експертите советуваат дињата да се јаде сама, односно да не се комбинира со други видови овошје во овошни салати. Ваквите комбинации можат да предизвикаат надуеност и проблеми со дигестијата.
Идеално е дињата да се консумира како ужина помеѓу оброците, бидејќи за подобра дигестија препорачливо е да се избегнува овошје веднаш по главните јадења.
Доколку сакате освежителен и здрав летен оброк, дињата е одличен избор како за кожата така и за варењето но и за општата благосостојба на организмот.