[ФОТО] Балканците открија дестинација каде сѐ е „за џабе“: Летувањето дупло поевтино во однос на Грција

Точка

05/09/2025

19:39

2.199

Големина на фонт

а а а

За седум дена во хотел со три ѕвезди во центарот, чисто и пријатно сместување, плативме околу 630 евра.

Предлог аранжман „all inclusive“ за Аланија може да се најде и за околу 500 евра, а во таа цена се вклучени авион, трансфер до хотел, седум ноќи и три оброци во хотел со три ѕвезди. Тоа и натаму е значително поповолно од Грција.

Белграѓани кои ја посетиле Аланија велат дека цените малку се зголемиле во однос на претходната година, но и натаму значително се пониски од Грција.


„За седум дена, во хотел во центарот, чисто и пријатно опкружување, плативме околу 630 евра. Шведската маса беше разновидна, но совет е да си земете „ultra all inclusive“ затоа што дополнително се наплаќа интернетот и лежалките, па дури и пијалаците на плажа. Како и да е поисплатливо е од Грција“.

Споредба на цените

Турција: Просечен дневен трошок по лице е околу 122 евра, додека пак собите значајно се поевтини отколку во Грција.

Грција: Просечен дневен трошок за лице е 216 евра, речиси дупло повеќе.

Според податоците за 2025 година

Во Турција просечната цена се зголемила од околу 874 евра на 1.003 евра.

Во Грција истата услуга чини 1.038 евра во однос на 926 евра од минатата година.


Инаку, Турција ја разгледува опцијата на укинување на шведската маса и преминување на „a la carte“ концептот на исхрана во хотелите поради огромната количина фрлена храна. Се проценува дека годишно се фрлаат околу 23 милиони тони храна.

Зошто Турција е атрактивна за летување

Турција и натаму важи за подобра вредност за пари во однос на Грција, па дури и кога ќе се земе предвид растот на цените и промената на моделите на услугите. Доколку барате поволно „all inclusive“ летување, Аланија и натаму е водечката дестинација.