Прославената актерка Кетрин Зета-Џонс (55) прошета по црвениот килим на доделувањето на Еми наградите и буквално ги остави сите без зборови.
Славната убавица неодамна се соочи со критики поради изјавата за едно момче-обожавател, која многумина ја оценија како несоодветна. Сепак, тоа не ја спречи повторно да блесне.
Кетрин позираше во долг црн фустан со гол грб. Целата креација е покриена со ситни светки, додека горниот дел е целосно проѕирен и украсен со цветни мотиви.
Своето смело модно издание го надополни со високи потпетици и впечатливи обетки, па гордо им покажа на сите дека сè уште нема достојна конкуренција кога е во прашање гламурот.
Зета-Џонс е една од најголемите холивудски ѕвезди, а нејзиниот брак со Мајкл Даглас со години привлекува внимание. И покрај разликата од дури 25 години, овој пар е заљубен повеќе од две децении и се чини дека сè уште се заљубени како и првиот ден.