Иако и двајцата се многу познати и се трудат својата интима и приватен живот да ги чуваат подалеку од очите на јавноста.
Холивудската дива Џулиен Мур и нејзиниот сопруг, режисерот Барт Фројндлих во брак се повеќе од две децении, а нивната љубовна приказна денес важи за една од најстабилните во светот на шоубизнисот.
Тие се запознале во 1996 година на снимањето на филмот „The Myth of Fingerprints“ и од тогаш се неразделни.
Љубовта набрзо ја крунисале со деца, синот Калеб дошол на свет во 1997 година, а ќерката Лив во 2002 година.
Својата врска ја крунисале со брак во август 2003 година во Њујорк, на интимна церемонија на која присуствувале само нивните деца.
Денес, после повеќе од 20 години заеднички живот, Џулиен истакнува дека тајната на успешниот брак е во едноставните, но важни работи.
„Мислам дека мора да уживате во тоа што сте заедно. Доколку не сакаш да бидеш со некој, нема да го поминуваш времето со него, нема да вложуваш во него и неговиот живот. Градењето заеднички живот е огромна работа“, изјавила актерката за магазинот „People“, па додала:
„Станува збор за тоа да бидеме заедно и да функционираме како тим“.
Освен љубовта, во нивниот однос клучна улога имаат и меѓусебната поддршка и хуморот. Џулиен признава дека сопругот често ја смее до солзи и дека токму таа леснотија во комуникацијата е она што ја одржува нивната блискост.
Кога децата биле мали, Мур бирала проекти така што да не биде долго отсутна од дома, нагласувајќи дека семејството секогаш ѝ е на прво место.
„Бракот и семејството ми дадоа рамка и сигурност, нешто на кое постојано му се враќам без оглед на успехот во кариерата“, истакнала актерката.
Барт Фројндлих, инаку успешен режисер и сценарист, соработувал со Џулиен на неколку филмови, а нивната партнерска и професионална соработка дополнително ја зајакнала нивната врска.
Иако се под светлата на рефлекторите, тие својот брак го градат далеку од скандалите и претераното медиумско внимание, па не е ни чудно што јавноста ги доживува како еден од ретките примери на стабилност во Холивуд.