Повторно е вирален непознат возач од Латвија којшто овојпат до екстремни граници го пробал стариот „Volkswagen Passat (B2)“. Тешко е со зборови да се опише овој начин на презентација на возилото.
Човекот којшто стои зад „Rust Bucket Motosport“ каналот не престанува да биде својствен на самиот себе. Сега го тестирал возилото „Passat B2“.
Најновото видео уште еднаш демонстрирало неверојатни возачки способности на анонимниот возач од Латвија.
Втората генерација на „Passat“ од доцните 80-ти години успеала да го заврши овој тест во возењето. Тешко е со зборови да се опише сѐ, малку изгледа нереално тоа што се гледа во видеото.
Иако не поддржуваме вакво однесување во сообраќајот, мора да се признае дека возачот ги покажал извонредните вештини во управувањето на овој безвременски модел.
Тестираниот „Passat B2“ е опремен со 1.8-литарски бензински мотор којшто развива околу 90 коњски сили, со рачен менувач со пет брзини.
Иако нема погон на сите четири тркала како на новите модели, возачот покажал дека и со погон само на предните тркала може да се изведат импресивни маневри на разни подлоги.
„Passat“ автомобилот којшто овој Латвиец го купил за само 800 евра во текот на тестирањето бил на зимски гуми. Како што истакнал Јутјуберот, овој автомобил нуди изненадувачко добри возни карактеристики за својата „возраст“, но сепак неговото управување добило висока оцена.
Тестот којшто бил објавен пред публиката бил добро прифатен од нејзина страна, што го потврдуваат бројните духовити и позитивни коментари под видеото.