Илон Маск има 2 строги правила во својот приватен авион: Вработените никогаш не смеат да му го постават ова прашање...

Супермен

16/09/2025

09:00

936

Големина на фонт

а а а

Во јавноста протекоа документи со строгите правила на Илон Маск кои се поврзани со неговиот приватен авион.

53-годишниот милијардер којшто работи во администрацијата на Трамп како виш советник на претседателот, поставил две правила кои мора да се почитуваат во неговиот омилен приватен авион (има два приватни авиони), „Gulfstream G650ER“.


Инаку, авионот има 18 седишта, а оние кои патуваат со Маск, вклучувајќи ги и кабинските вработени, мора да почитуваат одредени правила, пишува „Bloomberg“.

„Господин Маск смета дека сам себеси си е доволен“

Имено, во документите кои протекле во јавноста откриено е правилото број еден: никогаш не смее да го прашате Маск дали му треба помош во однос на технологијата.

„Господин Маск смета дека самиот себеси си е доволен и не му треба помош со технологијата, доколку му треба – сам ќе праша“.

Значи, вработените на пример не смее да го прашаат дали му треба помош во поправањето на WiFi.


Без врева, ве молам

Друго важно правило е тоа што персоналот треба да знае дека Маск не поднесува врева, како на пример, вклучена вентилација во авионот. Освен тоа, температурата во кабината мора да се одржува на околу 18 степени Целзиусови.

Исто така, зборувањето со милијардерот не е пожелно. Според објавените документи, Маск „сака да лета што побрзо и подиректно и не е заинтересиран за штедење гориво“.

Исто така во документот се наведува дека Маск сака светлата во кабината да се придушени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk