Славната Бијонсе, која мора да признаеме, навистина недостасува на сцената, неодамна го прослави својот 44-ти роденден, и тоа во особено предизвикувачко издание.
Една од најголемите музички ѕвезди на денешницата низ годините нè воодушевува со бројни модни комбинации, почнувајќи од каубојски шешири и стајлинг, па сè до гламурозните изданија на кои сме навикнати.
Се чини дека пејачката му се враќа на тој гламурозен изглед во духот на стариот Холивуд, со оглед на тоа дека објави фотографија на Инстаграм во многу секси издание.
„Ви благодарам многу за љубовта по повод мојот роденден. Му благодарам на Бога за уште една година. Мир и љубов“, напиша таа под фотографијата што ја објави.
„Голата мода“ во голема мера владее со модната сцена и ниту еден настан не поминува без познатите дами да прошетаат во токму таков стајлинг, а овој пат и Бијонсе се решила за истиот. Имено таа носела проѕирен бордо фустан, составен од тесен корсет што продолжувал кон долниот дел што ја следи линијата на телото, а бил инспириран од долна облека.
Бијонсе креацијата дополнително ја „зачини“ со крзнен капут што се спуштал по нејзините рацете.
Фустанот го надополни со црни сандали со отворени прсти, а не носела накит, туку наместо тоа, имаше чипкани ракавици во иста боја како фустанот, а глетката одзади изненади многумина.