Мислел дека е целосна бесмислица, а потоа го тргна Маск од тронот: Како Елисон стана најбогат човек на светот?

Супермен

17/09/2025

11:14

491

Големина на фонт

а а а

Кон крајот на 70-тите, еден почетен бизнис којшто го основал Лари Елисон заедно со двајца колеги програмери, добил голем поттик во вид на договор со ЦИА, да развива програма за база на податоци со кодно име „Oracle“ коeшто подоцна станало и име на самата компанија.

Сега, скоро 50 години по основањето, гигантот во областа на база податоците и работењето со софтвери, добива нов голем поттик.

Станал клучен играч во екот на вештачката интелигенција, благодарение на своето делување во областа на „клауд“ компјутерството кое помага да се задоволи огромната побарувачка за компјутерска сила за потребите на AI апликациите.

Едно од неговите најистакнати партнерства е она со индустрискиот лидер на „OpenAI“, којшто според наводите, претходно месецов се согласил да му плати на „Oracle“ 300 милијарди долари во текот на пет години за простор во дата центрите.


Најбогат човек на светот

Неверојатните проекции на раст на клаудот на работењето на „Oracle“, биле претставени во последниот извештај за заработка минатата недела, а довеле до скок на акциите на компанијата.

Акциите на „Oracle“ се зголемиле за над 80 отсто од почетокот на годинава, надминувајќи ги и „Nvidia“, „Google“, „Meta“ и „Microsoft“.

Овој успех на кратко направил Лари Елисон, којшто сега е претседател на компанијата и нејзин најголем акционер, да биде најбогатиот човек на светот.

„Ова е пресврт за „Oracle“. Пред една година, „Oracle“ беше компанија која малку луташе и се обидуваше да го пронајде својот пат, а сега одеднаш имаме огромна потврда дека нивната стратегија дава резултати. Oracle би можел да добие уште еден голем успех ако стане дел од договорот за пренос на контрола над популарната апликација ТикТок за американскиот пазар. Функционери од Белата куќа во понеделникот кажаа дека рамките за таков договор се скоро финализирани и дека се чека само разговор меѓу претседателот Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг“, изјавил Даниел Моркан.


Не е јасно кој е потенцијалниот купувач во тој договор, но „Oracle“ претходно се сметал за еден од главните кандидати за преземање на апликацијата.

„Oracle“ почнал да „хостува“ со податоците на ТикТок за американските корисници од 2020 година, во рамките на напорите да се намалат американските грижи за безбедност.

Целосна бесмислица, сепак не?

„Oracle“ доцнел со влезот во компјутерството, заостанувајќи зад големите играчи како што се „Amazon Web Services“, „Google Cloud“ и „Microsoft Azure“.

Елисон дури во 2008 година ја нарекол оваа технологија „целосно бесмислена“.

Сепак во 2022 година кога ChatGPT станал целосно достапен за јавноста, „Oracle“ почнал да се издигнува, а тогаш AI компаниите сфатиле дека за градење на нивни големи јазични модели потребна е голема компјутерска сила.


Во текот на минатонеделната конференција за заработка, извршната директорка на „Oracle“, Сафра Кац, изјавила дека се очекува приходот од компанијата да порасне за 77 отсто, односно на 18 милијарди долари во фискална 2026 година и да достигне до 144 милијарди долари до 2030 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk