[ФОТО] Нигериски студент дизајнирал очила со звучно предупредување: Ги спречуваат возачите да заспијат

Супермен

18/09/2025

21:26

331

Големина на фонт

а а а

Нигерискиот студент Ибрахим Бала развил специјални очила кои преку звучен сигнал го предупредат возачот доколку заспие зад воланот.

Бала, млад иноватор од нигерискиот град Кано, рече дека сакал да пронајде решение за сообраќајните несреќи што одземаат стотици животи ширум Нигерија секоја година.



Со овој иновативен уред, тој го освоил второто место на технолошки натпревар одржан меѓу универзитетски студенти во сојузната држава Кано.




Како што објаснил, неговата главна цел била да спречи несреќи предизвикани од возачи на камиони и автобуси, кои често возат со часови без одмор.


Оваа идеја е препознаена како важен придонес за безбедноста на патиштата, а Бала се надева дека неговиот изум ќе помогне во спасување животи на нигериските патишта во иднина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk