[ФОТО] Беше една од најубавите жени на светот, но наеднаш се повлече: Сега нејзиното лице „осамна“ на социјалните мрежи

Супермен

18/09/2025

13:31

610

Големина на фонт

а а а

Откако се повлече од светот на глумата, Ева Мендес живее помирен живот. Таа ужива во семејна идила и далеку од очите на јавноста, ги одгледува и воспитува двете ќерки што ги доби во бракот со Рајан Гослинг.

Иако е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, речиси никогаш не го покажува своето лице во јавноста – барем така беше до сега.


Нејзиниот сопруг и актер Рајан Гослинг се подготвува за својата улога во филмот „Star Wars: Starfighter“ во Лондон, а се верува дека Ева дошла таму за да го поддржи.

Имено, таа неодамна била фотографирана во Нотинг Хил додека ги извршувала своите секојдневни обврски. За таа пригода, таа се решила за лежерно издание – предимензиониран фустан, кожни чизми до колена и голема чанта. Стајлингот го надополнила со качкет, а веројатно за да се „скрие“ од љубопитните фотографи.

Но, како што може да се забележи, планот не ѝ успеал. Фотографиите се појавија на социјалните мрежи, а нејзините обожаватели, по толку долго време, можеа да го видат вистинското издание на некогашната убавица.


Многумина беа изненадени од нејзиниот изглед, бидејќи нејзината природна убавина сè уште ја краси. Всушност, таа е жена на која годините не ѝ можат ништо.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk