Првата епизода од емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ од неговата суспензија, привлекла дури 6,3 милиони гледачи по пат на традиционалната телевизија – што е над три пати поголема гледаност од вообичаената.
Во клучната емисија најголема група на гледачи биле од 18 до 49 години, а емисијата била наречена „најдобра редовно закажана епизода во последните 10 години“, соопштила ТВ мрежата „ABC“.
На Јутјуб Кимел добива над милион прегледи на час. Кога ќе се соберат „ABC“, Јутјуб и социјалните мрежи, монологот на Кимел за слободата на говор во Америка го слушнале десеттина милиони луѓе, а бројот на прегледи и натаму расте.
Прелиминарните рејтинзи кои дополнително ќе пораснат кога ќе се пресмета гледаноста на барање, се уште позначајни затоа што емисијата не била емитувана на десеттина локални „ABC“ станици. Две големи групации „Kestar“ и „Sinkler“ и натаму го бојкотираат ова „talk-show“, а нивните станици заедно покриваат околу 23 отсто од американските ТВ домаќинства.
Во САД за 1000 гледачи во премиум демографијата (18-49) цената на ТВ рекламите се движи од 50 до 80 долари, а за Јутјуб прегледите просечно се монетизираат 2-5 долари на 1000 прегледи.
Пресметката изгледа вака:
6,3 милиони ТВ гледачи, процена од 3 до 5 милиони долари само од реклами на ТВ за една епизода.
Над 10 милиони прегледи во првите часа, уште 20.000-50.000 долари од дигиталните реклами, а бројката расте како што прегледите растат.
Кога ќе се собере сѐ, заработката на Кимел и „ABC“ од една епизода надминува 5 милиони долари.