Купувањето на половни автомобили носи голем ризик. Без оглед на сѐ поголемата свест за враќање на километражата, многу од купувачите и натаму ги „натплаќаат“ возилата чија километража е вештачки намалена.
Новата анализа на компанијата „carVertical“ открива на кои модели на автомобили најчесто им се враќа километражата.
Според податоците од 2024 година, „BMW“ серија 1 е на врвот од листата со лажирана километража. Анализата покажала дека кај 5,2 отсто од сите проверени возила на овој модел, километражата била изменета.
Зад овој автомобил следат:
- „Audi A5“ (4,9 отсто возила)
- „Citroen C4“ (4,4 отсто возила)
Овие податоци укажуваат дека најчеста мета на измама се „премиум“ и семејните автомобили.
Истражувањето покажало дека некои модели се жртви на драстични манипулации. Имено, кај „BMW“ серија 5 просечно биле враќани дури 103.000 километри, кај „Ford Focus“ 93.000, а кај „Audi A6“ 92.000 километри.
„Тоа значи дека ако броилото покажува 100.000 километри, реалната километража може да биде двојно или тројно поголема“, предупредува Матас Бузелис, експерт за пазар со автомобили.
Поради тоа тој советува секогаш да ја проверите историјата на автомобилот затоа што и моменталниот сопственик можеби не е свесен за измама.
Истражувањето опфатило податоци собрани во текот на 2024 година зад повеќе од 900 меѓународни бази на податоци, вклучувајќи регистри, финансиски инвестиции и портали за огласи.