[ФОТО] Дејвид Бекам – поим за елеганција на ревијата во Милано: Познатиот фудбалер го украде шоуто помеѓу ѕвездите во публика

Супермен

25/09/2025

17:24

805

Големина на фонт

а а а

Дејвид Бекам се појави на ревијата на брендот „Boss“ на Модната недела во Милано и го украде шоуто со своето елегантно издание помеѓу многуте познати личности во публика.

Поранешниот фудбалер, кој штотуку ја дизајнираше својата втора колекција за брендот, се појави на ревијата во препознатливо елегантно издание. Бекам искомбинирал црна ролка со кадифено бордо одело, а на нозете носел црни чизми до глужд.


Пред да ја посети ревијата на овој бренд за време на Модната недела во Милано, Бекам позираше на балконот од својот хотел само во долна облека, покажувајќи го своето извајано торзо и тетоважи.


Тој покрај објавата напиша: „Добро утро Милано. Ветувам дека носам ‘Boss’“.

На снимките кои се споделуваат на социјалните мрежи може да се види како сите го снимаат и фотографираат при доаѓањето на ревијата, а актерката Меган Фахи го запрела за да се фотографираат и поразговараат.

Патувањето на Дејвид во Милано следеше неколку дена откако тој позираше за кампањата есен/зима 2025 на „Boss“ со која ја лансираше својата втора колекција.

Посебно внимание привлекоа неговите разголени фотографии што ги направи за истиот бренд, на кои позираше само во боксерки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk