Францускиот бренд на часовници „Baltic“ го претставила моделот „Aquascaphe MK2“, елегантно продолжение на моделите со кои оваа компанија првпат го привлекла вниманието во јавноста.
Основан во 2017 година, „Baltic“ станал едно од најинтересните имиња во новиот бран пристапни брендови, стекнувајќи фанови благодарение на своите часовници инспирирани од стариот стил.
„Aquascaphe MK2“ ги унапредува најпродаваните часовници од овој бренд, нудејќи два пречника: верзија од 37 милиметри со ретро пропорции и модел од 39,5 милиметри кој повеќе одговара на модерниот вкус.
И двата модели се изработени од челик 319L отпорен на вода до 200 метри и имаат заштита на круничката заради дополнителна безбедност.
Со своите прекрасни бројчаници, сафирни детали и класични пропорции, овие модели ја користат истата „формула“ која направила часовниците како што е „Rolex Submariner“ да станат стандард во светот на часовниците, но по значително попристапна цена.
Стрелките и бројките доаѓаат во четири бои, со тродимензионални маркери од „Super-LumiNova BGW9“ кои го заменуваат „сендвич“ распоредот од оригиналниот модел. Останатите подобрувања вклучуваат двојно закривени сафирни кристали со антирефлексен слој и унапредени стрелки.
Овој модел на часовник чини 630 евра со гумена нараквица, односно 695 евра со челична нараквица.
Нарачките на часовниците можат да се прават од денес, а испораката започнува на 6 октомври.