Кијану Ривс и неговата долгогодишна партнерка, уметницата Александра Грант, заедно се појавиле на црвениот тепих по повод отворањето на новата бродвејска продукциска драма „Чекајќи го Годо“ во Њујорк.
Посебен момент за Ривс – деби на Бродвеј
Ривс којшто во оваа претстава го остварува своето бродвејско деби, имал посебна поддршка од девојката Александра Грант.
Парот привлече внимание кај фотографите додека се држеле за раце и позирале со насмевки на лицето, потврдувајќи ја својата врска и на уметничката сцена.
Моден избор: Елеганција со доза на личен стил
Грант за оваа прилика одлучила да носи класичен црн фустан со деколте и кратки ракави. Изгледот го надополнила со впечатлив дијамантски ѓердан, дијамантски обетки и алка.
Ривс останал верен на својот препознатлив стил – класично црно сако коешто го искомбинирал со пругави панталони, слична вратоврска и носел кафеави чевли со портокалови врвки, со што внел опуштен и автентичен тон во елеганцијата.
Повторна средба со Алекс Винтер
Отворањето на претставата било посебно поради дебито на Ривс на бродвејската сцена, но и поради повторната средба со неговиот филмски партнер Алекс Винтер којшто исто така игра една главна улога во оваа бродвејска претстава.