Корисниците на Нетфликс воодушевени од напнатата серија што се врати со трета сезона: Подобра од е од „Squid Game“

Точка

30/09/2025

13:00

465

Големина на фонт

а а а

Корисниците на Нетфликс се воодушевени од напнатата и визуелно импресивна серија што се врати минатата недела со трета сезона, а многумина тврдат дека е дури и подобра од глобалниот хит „Squid Game“.

Иако Нетфликс има повеќе од 7.000 наслови во својата понуда, јапонската серија „Alice in Borderland“ дефинитивно заслужува внимание и моментално е на врвот на глобалната листа на Нетфликс за најгледани наслови.

Игри на живот и смрт во напуштеното Токио

Научно-фантастичната драмска серија „Alice in Borderland“, која се врати на стриминг сервисот со шест нови епизоди во четврток, 25 септември, следи група ликови кои одненадеж се наоѓаат заробени во морничава, напуштена верзија на Токио. Таму се принудени да учествуваат во серија опасни и бизарни игри за да преживеат.


Серијата, во која главните улоги ги толкуваат Кенто Јамазаки, Тао Цучи и Ниџиро Мураками, премиерно се прикажа на Нетфликс во 2020 година. И покрај ова, таа продолжува да привлекува нова публика која го споделува своето воодушевување на социјалните мрежи.

Подобра од „Squid Game“

Серијата „Alice in Borderland“ е базирана на истоимената манга од Хара Аса. Нејзината популарност е потврдена и со високите оценки – втората сезона на „Rotten Tomatoes“ има 86 отсто врз основа на рецензиите на критичарите и 91 отсто според оценките на публиката. Многумина ја сметаат за совршен избор за секој што бара трилер исполнет со напнатост, особено ако биле разочарани од крајот на „Squid Game“.


Според „Unilad“, Стив Грин од „ИндиВајр“ ја споредил втората сезона со „сон на кој се обидувате да се сетите следното утро“, додавајќи: „Не секогаш има смисла. Но, кога ќе навлезете во приказната, сфаќате дека не постои ништо слично“.

Од друга страна, гледачите беа уште подиректни. „Подобра од првата сезона. Уживав повеќе од „Squid Game“. Всушност, има повеќе трогателни моменти“, напиша еден корисник.


Друг се согласи: „Одлични ликови, интензивна глума, љубов и смрт. Серија што мора да се види“, додека трет додаде: „Исто како и првата сезона, кинематографијата беше зачудувачка, насилството интензивно, а развојот на ликовите беше толку силен што се чувствував како да сум таму со нив“.

Реакциите на гледачите се едногласни

Дебатата се префрли и на Фејсбук, каде што еден корисник во групата „Netflix Bangers“ објави постер за серијата со коментар: „Без разлика дали се согласувате или не, но серијата Alice in Borderland е подобра од Squid Game.“

Многумина се согласија. „Подобра приказна, подобри ликови, поинтересна игра. Луд пресврт во заплетот. Генерално, Alice in Borderland е многу подобра од Squid Game“, гласеше еден коментар. Друг корисник додаде: „Alice in Borderland е премногу добра! Ја заслужува популарноста што ја доби Squid Game, но за жал ја нема“.

Еден коментар, исто така, ги истакна карактерите на ликовите: „Alice in Borderland има посериозни и „позлобни“ ликови од Squid Game“. Четвртиот гледач заклучи: „Откако ја гледав Squid Game, морам да кажам дека Alice in Borderland е подобра.“

Инаку сите три сезони на „Alice in Borderland“ сега се достапни за гледање на Нетфликс.