Ја нарекуваат „мајка од пеколот“ – едната ќерка ја изгладнувала, другата на 14 години ја испратила на пластична операција: Продолжила да ги контролира и кога станаа славни

Точка

30/09/2025

15:14

1.021

Големина на фонт

а а а

Нивниот живот можеби однадвор изгледа како олицетворение на успех и гламур, но зад рефлекторите се крие сложена и често болна приказна.

Кога ќе се спомне семејството Хадид, на повеќето луѓе прво им паѓа напамет гламурот на модните писти, насловните страници на најпознатите светски магазини и статусот на супермодели. Сепак, зад тој сјај стои многу потешка и подлабока приказна. Имено, Бела Хадид, нејзиниот брат Анвар и нивната мајка Јоланда со години живеат со лајмска болест – хронична состојба која ретко завршува на насловни страници, но која во голема мера ги обликувала нивните животи.


Бела повеќепати јавно зборувала за тоа колку ѝ е отежнат секојдневниот живот поради лајмската болест, како и за влијанието што го имала врз нејзината професионална кариера. Манекенката истакнала симптоми како исцрпеност, ментална магла и други здравствени проблеми кои не се секогаш видливи, но кои ја принудиле со месеци да паузира со кариерата и да се повлече од јавноста.

На социјалните мрежи често објавува фотографии од болница, при што се гледа дека е поврзана на апарати, а процесот на закрепнување е болен и исцрпувачки.


Во сето тоа, најголема поддршка ѝ е токму нејзината мајка – иако долго се шпекулираше за нивниот нарушен однос и за начинот на кој Јоланда ги воспитувала своите ќерки.

„Мајка од пеколот“

Јоланда Хадид е поранешна манекенка и ѕвезда на реално шоу, која во 1994 година се омажи за Мохамед Хадид – успешен, но и контроверзен бизнисмен познат по врските со многу помлади жени. Тој брак донесе три деца – Јелена Нура, на јавноста попозната како Џиџи Хадид, потоа Бела и најмладиот син Анвар.

Иако Јоланда често се претставува во јавноста како грижлива мајка која безрезервно ги поддржува своите деца, многумина ја опишуваат како претерано строга и манипулативна личност. Поради нејзиното однесување, ја нарекоа „мајка од пеколот“. Се верува дека постојано ги контролира животите на своите деца, се меша во нивните емоционални односи и ги игнорира нивните желби. Дури се шпекулираше дека никогаш не ги одобрувала љубовните избори на својот син, особено неговата врска со познатата пејачка Дуа Липа.


Јоланда наводно била толку против таа врска, што на социјалните мрежи објавувала семејни фотографии на кои Дуа била исечена, што дополнително ги засилило гласините дека не ја поднесувала својата снаа.

Фаворизирање на една ќерка

Бела Хадид често била споредувана со својата постара сестра Џиџи. Гледачите на реалното шоу „The Real Housewives of Beverly Hills“ можеа да забележат како Јоланда ја фаворизира Џиџи, додека Бела поминувала низ тежок период исполнет со самопрезир. Во едно интервју, Бела призна дека уште на 14 години направила операција на носот – одлука која, според повеќе извори, била донесена под притисок од мајка ѝ.


Многумина сметаат дека токму притисокот на Јоланда за „совршен изглед“ придонел Бела да развие несигурност, проблеми со алкохол и психолошки кризи. Самата манекенка признала дека со години се борела со депресија и анксиозност, а нејзината изјава за „Vogue“ најдобро ја отсликува таа состојба:

„Не можам да поднесам кога некој не е задоволен од мене“.

И денес на социјалните мрежи кружат коментари дека ниедно дете не бара пластична операција на толку мала возраст, освен ако не е изложено на постојан притисок од околината.

Изгладнување

Иако Јоланда секогаш ја фаворизирала Џиџи, ни таа не останала поштедена од последиците на мајчината контрола. Најпознатиот пример е нејзината врска со пејачот Зејн Малик. Парот доби ќерка по име Каи, но решија нејзиниот идентитет да го заштитат од јавноста, без да објавуваат фотографии. Јоланда била против оваа одлука и повеќепати ја прекршила, што довело до сериозни конфликти.


Според медиумите, ситуацијата кулминирала со физички конфликт помеѓу Зејн и Јоланда. На крајот, врската заврши, а старателството ѝ било доделено на Џиџи – исход за кој таблоидите тврдат дека Јоланда го посакувала.

Дополнително, Џиџи исто така била изложена на строгите диетални режими на нејзината мајка. Во една прилика, кога ѝ се пожалила дека се чувствува лошо бидејќи не јадела со денови и дека е на раб да се онесвести, Јоланда ѝ одговорила: „Изеди неколку бадеми“.

Тој момент остана како впечатлив пример за мајчиниот ригиден однос кон своите деца.

Другата страна на медалот

Објективно гледано, семејството Хадид навистина изгледа како симбол на успех и гламур, но зад рефлекторите се крие една длабоко сложена и често трауматична реалност. Лајмската болест која ги погодила Белa, Анвар и Јоланда значително им го отежнала животот. Паралелно со тоа, односот на Јоланда со нејзините деца со години предизвикува контроверзии – од обвинувања за контрола и манипулација, преку притисок за совршен изглед и кариера до мешање во нивните емоционални односи.


Денес, Бела и Џиџи се сметаат за најуспешни модели на својата генерација, но нивниот успех носи и сенка од семејни трауми, додека Анвар сè уште се обидува да го најде своето место во светот. Едно е сигурно – приказната за семејството Хадид јасно покажува дека зад гламурот на модната индустрија често се крие многу болка и борба која јавноста не ја гледа, пишува српскиот „Stil“.