[ФОТО] Таа е најжешкиот ангел на „Викторија Сикрет“: Никогаш не би погодиле колку години има

Супермен

17/10/2025

08:50

2.595

Големина на фонт

а а а

Јужноафриканската манекенка Кендис Свонпул ја маѓепсала публиката на ревијата на Викторија Сикрет блескајќи во ангелскиот ансамбл со дијаманти.

Кендис е јужноафриканска манекенка, а таа прошетала на ревијата „Викторија Сикрет“ каде изгледала како вистински ангел.

Со пуштена руса коса и совршено дефинирани стомачни мускули, но и долги и затегнати нозе, изгледала како да ја создало небото.


Нејзината трансформација во култна руса „бомба“ која денес ја препознаваме отсекогаш ја фасцинирала публиката, а овојпат повторно го покажала тоа.

36-годишната манекенка заблескала во два заводливи ансамбли, предизвикувајќи овации кај публиката.


Прв изглед – црн гламур од чипка

За првиот настап избрала да носи долна облека од чипка, искомбинирана со слоевита наметка од чипка и драматични ракавици. Целиот изглед го надополнила со ланец за стомак преполн со дијаманти којшто ја нагласувал нејзината фигура и додал луксузен детаљ на секоја поза.



Втор изглед – ангелски стил

За второто излегување на пистата, Кендис имала вистински ангелски стил. Носела кафеавкаст ансамбл од чипка, со горен дел украсен со дијаманти и златни крилја. Комбинацијата на елеганција, заводливост и блескави детали го направиле нејзиниот настап незаборавен.

Кендис Свонпул потврдила зошто важи за една од најубавите и најпосакувани манекенки во светот, а овој нејзин настап на ревијата на „Викторија Сикрет“ долго ќе се памети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk