[ВИДЕО] Поставен апсолутен светски рекорд: Тенисери кои заедно се стари 199 години одиграле тениски натпревар

Супермен

16/10/2025

16:28

621

Големина на фонт

а а а

Во светот на тенисот поставен е уникатен рекорд - одигран е натпревар помеѓу најстари играчи во историјата кога ќе се земат предвид годините на двајцата.

Тие играле на Светското првенство за ветерани што се одржа во Бол (Хрватска).

Американецот Артур Линд и Австралиецот Хенри Јанг одиграле натпревар како најстари противници во историјата на тенисот. Јанг има 102 години, а Линд 97, што значи дека заедно имаат 199 години.


Меѓународната тениска федерација (ИТФ) го потврди соборувањето на рекордот со објави на социјалните мрежи.

Јанг (102) и Линд (97) се соочиле во четвртфиналето на Светското првенство на ИТФ за играчи над 90 години. Помладиот тенисер Линд победил со 6:1 и 6:2.


Овој натпревар ќе се памети не само по рекордните години, туку и како демонстрација на силата и решителноста на двајцата спортисти. За двајцата, тенисот не е само спорт, туку и начин на живот.

Потсетуваме Хенри Јанг исто така испишал историја во 2023 година кога станал првиот стогодишен тенисер кој се натпреварувал на ИТФ турнир што се одржал во Мајорка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk