Нејзиниот стајлинг ги врати набљудувачите кога модата беше синоним за елеганција, самодоверба и филмски шарм.
Џенифер Лопез повторно докажува дека вистинскиот стил никогаш не исчезнува, тој само се развива.
Во текот на снимањето на новата серија „Последната госпоѓа Париш“ во Њујорк, светската ѕвезда се појавила во издание кое изгледало како да било донесено од филмските ленти од 60-тите години на минатиот век.
Нејзиниот аутфит, потпишан од страна на Кристијан Диор, дишел во знакот на елеганцијата и класичниот шарм на стариот Холивуд. Во времето на брзата мода и трендовите кои за кратко поминуваат, Лопез порачува дека безвременскиот гламур секогаш го има последниот збор.
Лопез носела темноцрвен костум којшто совршено ја следи линијата на тело, современа инспирација на „новиот изглед“ на Диор од 1947 година.
Оваа силуета е препознатлива по нагласувањето на струкот и полното, струкирано здолниште кое симболизира враќање на женственоста по воените години.
Лопез својот изглед го надополнила со ракавици, шешир и кожна чанта, бирајќи го секој детаљ со доза на софистицираност и мистерија.
На нозете носела високи потпетици кои се дискретен омаж на опсесијата од серијата „Сексот и градот“, додека пак „винтиџ“ брошот, темните очила за сонце и препознатливиот став на пејачката ја заокружиле целата приказна.
Спој на старото и новото
Џенифер веќе со децении неверојатно ги комбинира епохите – од урбан стил на раните 90-ти до денешните совршено скроени гламурозни изданија.
Модерна муза со „винтиџ“ враќање
Во последните години Лопез изградила моден израз којшто ги комбинира носталгијата и современоста. Од сценските трансформации до црвениот тепих, нејзините стајлинзи се приказна за уметност, идентитет и самодоверба.