[ФОТО] „Бакнеж на смртта“ за најубавата грчка плажа во Европа: Речиси уништено сѐ она по што била најпозната

Точка

17/10/2025

11:30

2.633

Големина на фонт

а а а

Грчката плажа Елафониси која е опишана како „најдобрата плажа на светот“, со розов песок, тиркизна вода и плитки лагуни идеални за пливачите од сите возрасти, станала магнет за туристите кои доаѓаат од сите краеви на светот.

Меѓутоа, постојат сѐ повеќе извештаи од туристите кои говорат за незамисливиот метеж, долгите редови и неочекувани надомести, при што поголем дел од нив тврдат дека плажата сега станала жртва на сопствениот успех.

Последниве години, нејзината популарност на социјалните мрежи, како и фотографиите кои ги поставуваат познатите инфлуенсери од таму, само ѝ нанеле штета на репутацијата на плажата.


Плажата Елафониси која се наоѓа југозападно од крајбрежјето на Крит, прогласена е за „најдобра плажа“ на „Trip Advisor“.

Елафониси, како заштитено подрачје на природната убавина, особено е единствена благодарение на розовиот песок којшто настанува од здробените розови микроорганизми, а иако интензитетот на бојата може да варира во зависност од плимата или годишното време, песокот секако е фасцинантен.

Плажата исто така има плитка лагуна со кристално чиста тиркизна вода, безбедна за деца и лесно преминување на островот Елафониси кога има осека.

Островот Елафониси до којшто се доаѓа преку плитките песочни премини, е дом на дрвен крст којшто го означува местото на бродоломите, како и малите цркви кои се посветени на св. Никола, заштитник на морнарите.

Како дел од европската програма за заштита „Natura 2000“, лагуната исто така е дом на морските желки.


Обемот на туристи предизвикува загриженост

Додека плажата Елафониси е позната по својата убавина, тоа е и причина зошто расте загриженоста поради негативното влијание на бројот на туристи на нејзиното природно опкружување.

Некогаш оддалечената плажа сега се соочува со проблемот на метежот, особено кога посетителите доаѓаат да ја видат една „од најдобрите на светот“, додека туристите известуваат дека розовиот песок речиси исчезнал и дека трошоците таму се многу повисоки од претходно.


Ова се дел од коментарите на луѓето:

„Паркингот беше полн, плажата преполна, контрола за сметки за лежалки на секој час, немаше тоалет... Си заминавме по два часа“.

„Кога ќе стигнете ве праќаат на паркинг за којшто мора да платите 5 евра. Потоа долго одите до плажата каде има многу луѓе. Нема ништо да се види, а велат дека е една од најубавите плажи на Крит“.

„Воопшто нема видлив розов песок. Убава песочна плажа, но не вреди два часа возење и ми е жал што бев“.

„TripAdvisor е бакнежот на смртта за Елафониси. Тоа е како Санторини – луѓето доаѓаат само поради фотографија“.