Барселона доби дозвола да го отвори „Камп Ноу“, но засега нема да се врати во својот дом

Дерби

17/10/2025

12:26

178

Големина на фонт

а а а

Барселона веќе доста време ги игра своите домашни натпревари надвор од својот дом „Камп Ноу“ кој се реновира и кога ќе биде завршен ќе прима преку 100.000 гледачи.

Шпанскиот првак очекуваше многу порано да се врати, но кам-бекот беше одложуван неколку фати затоа што не беа исполнети потребни услови, но сега и тој проблем е надминат и Барса може да игра во својата арена.

Имено повеќе медиуми пренесуваат дека клубот ја добил потребната дозвола од градскиот совет, поточно има дозвола за натпреварите на кои можат да бидат присутни 27.000 гледачи. Ова е позитивна вест за великанот кој сепак засега не планира да ја искористи оваа можност додека не се зголеми капацитетот, односно ќе продолжи да игра на „Монжуик“.

Целта е да се добие 1Б лиценца која значи дека на стадионот ќе може да присиствуваат околу 45.000 гледачи. Во таборот на каталонците се надеваат дека ќе добијат зелено светло наредниот месец и ќе можат против Атлетик Билбао (23 ноември) да заиграат на реновираниот „Камп Ноу“.

Кога е во прашање Ла Лига, првакот ќе нема проблеми да ја направи промена на стадионот, но кога се работи за Лигата на шампионите УЕФА ќе треба да даде дозвола за промена на домаќинството, поточно пореална опција е Барселона да продолжи да игра на „Монжуик“ до крајот на групната фаза.