Ласло Наѓ Перге од Суботица отсекогаш бил заљубен во автомобилите, а неговата страст датира од неговото детство, кога почнал да црта и дизајнира своите омилени модели.
Како што објави Polovniautomobili, еден ден открил нови можности во графичката програма „Procreate“ и почнал да експериментира.
Неговиот омилен модел на Југо толку многу го инспирирал што решил да го „оживее“ во модерна верзија. Откако почнал, бил толку воодушевен од обликот и деталите што едноставно не можел да престане.
Својот цртеж го споделил на Инстаграм, а позитивните реакции на луѓето го охрабриле да продолжи со својата работа.
Оттогаш, тој постојано работи на редизајн на старите модели на Застава.
Неодамна, тој покажа и како би можелo да изгледа Фиќо, односно Застава 101.
Моментално работи на редизајн на Застава 1300/1500 и има многу идеи за други модели што планира да ги модернизира за 21 век.
Неговите планови не се само цртежи, туку вистински уметнички дела што го оживуваат минатото.