Страшна трагедија го погоди Сенегал откако младиот голман Шеик Туре бил убиен бидејќи неговите родители не успеале да соберат доволно пари за да го платат откупот на киднаперите.
Сенегалската заедница е во жалост откако во саботата била потврдена смртта на 18-годишниот голман Шеик Туре. Начинот на кој бил измамен е навистина тажен.
Младиот Туре сонувал да стане професионален голман, а киднаперите го намамиле откако го контактирале со понуда за професионален договор.
Голманот на Есприт Фут Јумбеле добил онлајн понуда од наводни менаџери кои требале да го однесат на проба за потпис на договор. Всушност, се работело за вооружени изнудувачи кои го зеле како заложник.
Тие потоа побарале откуп од неговото семејство ослободување, но напорите на семејството да ги собере парите биле залудни. Криминалците ја оствариле својата закана и го убиле тинејџерот. Туре бил пронајден мртов во Гана, а сенегалските власти, во заедничка операција со колегите од Гана, започнале истрага.
Властите ги повикаа клубовите, супервизорите и родителите да бидат особено внимателни во однос на непроверени понуди за проби или трансфери во странство. Во соопштението за медиумите, исто така, се наведува дека младите спортисти во Сенегал секогаш треба да поминат низ официјални процедури и да добијат информации од спортските власти пред какво било патување.