Се откажа од државата, од националното знаме, но и од класичната спортска кариера. Потоа одлучи новиот пат да го наплати – и тоа максимално.
Александра Јанкулеску во 2018 година ја претставуваше Романија на Зимските олимписки игри, а потоа ненадејно реши да ја промени земјата.
Јанкулеску, која настапуваше во брзо лизгање на Игрите во Пјонгчанг, посакала да се натпреварува и на Летните олимписки игри во велосипедизам. Сепак, таа цел не ја постигнала.
Успехот го нашла во сосема поинаква кариера – заработувајќи пари преку продажба на свои фотографии и видеа на платформа за возрасни со можност за допишување.
Таа денес важи за еден од поатрактивните модели на платформата „OnlyFans“, а со приходите што ги остварува таму го финансира своето занимавање со спорт. Во меѓувреме ја завршила кариерата во брзо лизгање и се посветила на велосипедизмот, иако без поголем успех.
Според нејзините зборови, на ваков чекор се одлучила откако во минатото морала да работи три хонорарни работи за да ги оствари своите олимписки соништа. Сега, средствата за спортска опрема и тренинзи ги обезбедува многу полесно – со помалку мака и повеќе разголени фотографии.
„Зошто? Да почнеме со некои негативности. Работата е во тоа што светот секогаш ќе ви суди – без разлика дали одлучувате нешто да правите или не. Без разлика на темата – секогаш сте премногу или премалку, предебели или преслаби, премногу чудни или досадни. За среќа, уште од мала знаев дека ќе одам по свој пат. Минатото лето решив да отворам профил бидејќи постојано добивав многу лајкови на моите фотографии во бикини, а луѓето предлагаа да ги продавам на оваа платформа. Ми изгледаше како шега – не сакав да бидам позната како некоја што продава фотографии во бикини, со оглед дека сум спортистка, образована и зборувам неколку јазици“, изјави Александра.
Животот ѝ се променил на подобро.
„Откако во првиот месец заработив многу пари на платформата, животот ми се смени од корен – и тоа на подобро. Сега заработувам нешто помалку затоа што не бев толку активна минатото лето, но работам со полно работно време, си дозволувам патувања на места за кои некогаш само сонував, купувам велосипеди од соништата, штедам за автомобил и уживам во сè. Повеќе не морам да работам три хонорарни работи како порано, додека ги бркав олимписките соништа. Порано ми беше важно што мислат луѓето, но потоа сфатив – нивните мислења не ги плаќаат моите сметки.“
Месечната претплата за нејзиниот канал чини само пет долари, а нејзините последни видеа ги погледнале повеќе од 30 милиони луѓе.
Александра претходно ја претставувала и Канада на Светскиот куп, па се очекува остатокот од кариерата да го продолжи под знамето на таа земја.










