Веста дека Меган Фокс се породила се појави во март оваа година на социјалните мрежи. Машин Ган Кели и таа го добија своето прво дете, ќерка, која ја крстија Сага Блејд Фокс-Бејкер.
Но, се чини дека по тоа огласување, Меган решила целосно да се повлече од јавниот живот и да се посвети на мајчинството.

Папараците едвај успеале да дојдат до нејзините фотографии, а дури во јули имавме можност да ги видиме првите фотографии од мајката и ќерката.

Но, неодамна Меган се појавила во јавност по долго време и потценување е да се каже дека блеснала. Актерката присуствувала на настан во Лос Анџелес по повод премиерата на хорор филмот „Jennifer’s Body“.
За таа пригода, таа решила да се појави беж корсет фустан со интересни црвени детали во форма на крв – а сè во согласност со темата на филмот.
Креацијата ја истакнала нејзината завидна фигура по породувањето, а стајлингот го надополнила со дискретна шминка во земјени тонови и брановидна фризура што ѝ паѓаше по рамената.