Слободата ја прославиле на култно место: Еве како Саркози и Карла Бруни го поминале првиот ден по неговото излегување од затвор

Супермен

13/11/2025

13:38

1.360

Големина на фонт

а а а

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, само неколку недели откако почна да ја отслужува петгодишната затворска казна, побарал да биде ослободен и се најде на слобода.

Слободата ја прославил со својата сопруга и поранешен супермодел Карла Бруни во култната, локална пивница „Ле Фландрин“ во 16-тиот арондисман.


Поранешната манекенка беше покрај сопругот во текот на целото судење и направи инцидент со новинарите откако Саркози беше осуден за криминален заговор и примање пари од Моамер Гадафи за претседателската кампања.


Саркозиеви поминале околу еден час на ручек, а потоа ја напуштиле пивницата, пред која биле пречекани од граѓани кои со аплауз го поздравиле поранешниот претседател.


Според локалните медиуми, Саркози го искористил првиот ден по ослободувањето од затвор и за џогирање.

Инаку апелациониот суд го прифатил неговото барање да биде ослободен од затвор, каде што бил притворен од 21 октомври и бил ставен под судски надзор.


„Сакам сите да знаат едно: Никогаш немав луда идеја да побарам какво било финансирање од г. Гадафи“ рекол Саркози, уверувајќи го судот дека треба да биде ослободен. „Никогаш нема да признаам нешто што не сум го направил“, додал тој.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk