[ВИДЕО] Сè поретко ја гледаме Бјанка Ценсори, но затоа е тука нејзината сестра: Ангелина го покажа сиот свој раскош во проѕирно фустанче

Супермен

13/11/2025

14:16

2.919

Големина на фонт

а а а

Ангелина Ценсори, сестрата на Бјанка Ценсори, повторно го привлече вниманието со провокативен изглед што го покажа на Инстаграм. Многумина забележаа дека нејзиниот стил е очигледно инспириран од Бјанка, позната по своите смели и често контроверзни модни избори.

Ангелина објави видео во кое заводливо позира во проѕирен фустан од брендот „Мирор Палес“, вреден 995 долари. Иако фустанот е целосно проѕирен, на „стратешките делови“ има бела чипка, па Ангелина не откри сè – за разлика од Бјанка, која на годинешните „Греми“ направи вистински хаос со својот екстремен аутфит.


Со ова издание Ангелина ги истакна своите дефинирани стомачни мускули и долгите нозе. Комбинацијата ја заокружи со кратка „боб“ фризура и минималистичка, нежна шминка.

И додека Бјанка со своите провокативни избори често предизвикува бурни реакции, Ангелина во коментарите доби само пофалби: „Ти си најубавата жена што сум ја видел“, „Опседната сум“, „Сакам ова да го носиш на нашата свадба“, „Какво е чувството да си вака згодна?“, „Изгледаш како супермодел“.


Видеото што го сподели во вторникот е всушност снимено во април, кога го прослави својот 21. роденден, а тогаш објави и низа фотографии во истиот впечатлив фустан.

Во последно време Ангелина станува се поприсутна на социјалните мрежи, додека нејзината сестра Бјанка, која од 2022 година е во брак со Канје Вест, речиси воопшто не се појавува јавно и подолго време нема нови објави. Иако ретко е видена, не се откажува од своите смели стајлинзи.


Минатата недела Бјанка беше фотографирана на аеродромот во Мелбурн, каде што прошета во црн трико и најлонки, со класични црни потпетици и торбичка од „Ермес“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk