Холивудскиот актер и непоразен карате шампион, Чак Норис можеби се пензионирал од светот на филмот пред повеќе години, но тој и понатаму е активно присутен на социјалните мрежи, споделувајќи моменти од својот секојдневен живот со своите обожаватели.
Во неодамнешна објава на Инстаграм, 85-годишниот актер сакал да сподели порака за оптимизам и упорност со своите следбеници.
Под фотографијата од теретана, на која може да се види како тренира, Норис ја напишал следната порака:
„Еве фотографија што е направена пред неколку месеци. Напредокот не се мери со совршенство, туку со храброста да се продолжи. Јас сè уште поставувам цели, одам напред и ја бирам дисциплината наместо комфорот. Без оглед на твоите години, продолжи да се бориш за најдобрата верзија од себе. Бог да ве благослови“, напишал холивудскиот актер.