„Volkswagen“ во 2025 година ќе го „згасне“ производството на кабрио верзијата на моделот „T-Roc“ со што ќе ја заврши 75 години долгата традиција на „VW“ кабриолет со мотор со внатрешно согорување.
Веста ја потврдил и директорот за развој Каи Груниц, наведувајќи дека компанијата го пренасочува развојот на нови модели со традиционални бензински и дизел погони на електрични платформи.

„T-Roc Cabriolet“ бил лансиран во 2020 година како индиректен наследник на „Golf Cabriolet“ моделот. Последното освежување го добил во 2023 година, а се продава со два бензински мотори: традиционален 1.0 TSI со 110 KS и четирицилиндарски 1.5 TSI со 150 KS.
Одлуката доаѓа во момент кога продажбата на кабриолети глобално опаѓа во сите клучни региони.
Првиот „Volkswagen“ кабриолет бил легендарниот „Buba Cabriolet“ којшто во 1949 година го произвел германски „Karmann“. Тој останал во понудата низ повеќе генерации сѐ до 1980 година.

Кабрио верзијата на „Golf“ постоела и во четвртата генерација (1998-2002) и во шестата генерација (2011-2016), а „T-Roc Cabriolet“ бил последен претставник на овие линии досега.