Колку родителите ги „чини“ едно дете до полнолетство? Германците пресметале: Во овој период се трошат најмногу пари

Супермен

24/11/2025

18:24

930

Големина на фонт

а а а

Колку всушност ги чини родителите во Германија одгледувањето на едно дете до неговиот 18-ти роденден е прашање кое си го поставуваат и оние што веќе имаат семејство и оние што тек планираат потомство.

Иако финансиските износи можат да делуваат импресивно, многумина истакнуваат дека трајната радост, љубов и исполнетост што ги носи детето не можат да се изразат со пари. Сепак, статистичките податоци даваат јасна слика за тоа со какви реални трошоци се соочуваат германските семејства.

3 категории

Според анализата на германскиот завод за статистика, вкупните трошоци за одгледување дете го опфаќаат просекот на потрошувачка во три возрасни категории: од раѓање до шестат година, од шестаТА до дванаесетта, и од дванаесетта до осумнаесеттата година од животот. Најмалите деца месечно чинат околу 679 евра, трошоците за деца на возраст од 6 до 12 години изнесуваат приближно 786 евра, додека во периодот од 12 до 18 години тој износ се зголемува на 953 евра. Кога се пресметува просекот, се добива месечен трошок од околу 763 евра, односно 9.156 евра годишно, што значи дека едно германско семејство во просек троши околу 164.808 евра до полнолетството на детето.


Овој износ не ги опфаќа само директните трошоци како храна, облека, пелени, играчки, хобиjа, џепарлак или телефонски услуги. Во пресметката влегуваат и поголемите трошоци за живеење, бидејќи на семејството обично му е потребен поголем животен простор, дополнителен мебел, повеќе електрична енергија, како и зголемени трошоци за превоз и патувања. Со тоа всушност се претставува вкупниот „трошок на живот“ што го носи родителството. Од 1 јануари 2026 година, германскиот детски додаток, „Kindergeld“, ќе изнесува 259 евра месечно по дете.

Колку чини животот со бебе?

Кога станува збор за бебиња, месечниот трошок статистички е ист како и за другите мали деца, но во оваа пресметка не е вклучена почетната опрема. За набавка на неопходните работи за новороденче, како креветче, количка, детско седиште за автомобил и основни залихи пелени, семејствата обично вложуваат меѓу 2.000 и 4.000 евра, во зависност од тоа дали купуваат нова или половна опрема. Поради тоа, вкупниот трошок за првата година од животот може да достигне од 11.000 до 13.000 евра.


Во официјалните податоци, сепак, се изоставени одредени трошоци кои значително влијаат на домашниот буџет. Тука спаѓаат трошоците за осигурување, приватна штедна и инвестициска средства наменети за детето, доброволни пензиски фондови, потоа поголеми финансиски вложувања како возачка дозвола или купување прв автомобил, како и загубени приходи на родителите кои, поради грижа за детето, работат со скратено работно време или заминуваат на подолги отсуства. Економистите овие трошоци ги нарекуваат опортунитетни трошоци, бидејќи претставуваат индиректни, но многу значајни последици од родителството.

Повеќе деца – помал трошок

Кога семејството има повеќе деца, просечниот трошок по дете се намалува. За едно дете изнесува околу 763 евра месечно, за две паѓа на околу 638 евра, а за три — на 590 евра по дете. Причината е едноставна: голем дел од работите, опремата и дури активностите може да се делат или да се користат повеќе пати. Сепак, иако поединечната сума се намалува, вкупниот трошок на домаќинството расте со бројот на децата.


Особено е интересно што финансискиот товар најмногу се чувствува кај самохраните родители. Иако тие вкупно трошат помалку пари од семејствата со две или три деца, односот меѓу нивните приходи и трошоци е далеку понеповолен. Додека двочлено семејство со деца троши околу една третина од своите месечни примања на децата, самохраниот родител за потребите на детето го троши речиси секое второ евро што ќе го заработи, што многу јасно ја отсликува тежината на нивната економска состојба.

Што кога детето ќе наполни 18?

Трошоците не исчезнуваат ни по осумнаесеттиот роденден на детето. Статистика за овој период не постои, бидејќи животот на младите се одвива на различни начини. Додека некои тинејџери рано почнуваат да работат и стануваат финансиски самостојни, други започнуваат студии, подолго остануваат во родителскиот дом, патуваат или живеат во домови и станови за кои родителите и понатаму ги покриваат најголемиот дел од трошоците. Често се случува трошоците со полнолетството дури и да пораснат, поради факултет, возачка дозвола, прв стан или патувања. Затоа, стручњаците им советуваат на родителите навреме да почнат да штедат за периодот кога детето ќе стане млад возрасен, а како попрактични опции од традиционалните штедни книшки ги наведуваат инвестициските фондови, „Bauspar“-договорите и поновите облици на вложување.


Германија обезбедува широк спектар на финансиска поддршка за семејствата. Најпозната форма на помош е „Kindergeld“, кој од почетокот на 2026 година ќе изнесува 259 евра месечно по дете. Покрај тоа, родителите остваруваат право на различни даночни олеснувања, можат да користат „Elterngeld“ за време на грижа за бебето, а семејствата со пониски приходи имаат достапни додатоци за деца и за станарина. Младите во образование имаат право на студентска помош „BAföG“, а учесниците во стручни обуки на посебна поддршка позната како „BAB“. Овие мерки се важни бидејќи намалуваат дел од трошоците и им олеснуваат на родителите да обезбедат стабилно растење на своите деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk