Ерика Кирк, сопругата на Чарли Кирк, изјави дека се молела на Бога да е бремена откако нејзиниот сопруг беше убиен на 10 септември годинава додека држеше говор на Универзитетот Јута Вали.
„Сакавме да имаме четири деца. Се молев на Бога да сум бремена кога беше убиен. Си помислив: ‘Ох Боже, тоа би бил најголемиот благослов во оваа катастрофа’“, рече таа во гостувањето на „The Megyn Kelly Channel“.
Со него има 3-годишна ќерка и едногодишен син. Им советувала на девојките да му дадат приоритет на основањето семејство, доколку тоа го посакуваат.

„Сега кога гледам млади парови, им велам: ‘Ве молам, не одложувајте го тоа’. Особено ако сте млада жена, не го одложувајте. Кариера секогаш можете да имате. Секогаш можете да се вратите на работа. Но, не можете едноставно да се вратите на раѓањето деца, а тие растат толку брзо“, нагласи таа.
Ерика додаде дека и таа и Чарли се молеле за принова и биле возбудени што ќе го прошират своето семејство.







