Белата куќа: Ревидираниот план треба повторно да им се претстави на Русите

Макфакс

24/11/2025

23:13

277

Големина на фонт

а а а

Каролин Левит, портпаролка на Доналд Трамп, разговараше со новинарите пред Белата куќа.

Таа порача дека разговорите за завршување на војната во Украина биле продуктивни, но дека и понатаму постојат неколку точки на несогласување.

„Ревидираниот план треба повторно да им се претстави на Русите“, напомена таа.

„Постои чувство на итност. Претседателот сака овој договор да се постигне и оваа војна да заврши. Трамп врши голем притисок врз двајцата лидери“, додаде.

На прашањето дали Трамп се држи до својот рок за постигнување договор со Украина до четврток, таа одговори дека Трамп сака договорот „да се постигне што е можно побрзо“.

Потврди и дека војната во Украина била спомната за време на денешниот телефонски разговор меѓу Трамп и кинескиот претседател Шји Џинпинг, но нагласи дека фокусот сепак бил на американско-кинеските односи