Кристијано Роналдо неодамна откри кога ќе се одржи венчавката со неговата свршеница Георгина Родригез, која ја запроси оваа година, по девет години врска.
Парот ќе застане на „лудиот камен“ во летото следната година, веднаш по Светското првенство, а Роналдо се надева дека ќе има двојна причина за славење – доколку го освои трофејот. Во меѓувреме, откриени се нови детали за венчавката што светот со нетрпение ја очекува.

Имено судбоносното „да“ ќе го изговорат на магичниот роден остров на Роналдо, Мадеира, пренесе „Сан“.
Како што пренесе „Сан“, црковната венчавка ќе се одржи во катедралата во Фуншал – најстарата црква во градот, додека свадбената прослава ќе продолжи во еден од најексклузивните хотели на островот.


Исто така интересно е што катедралата е оддалечена само три километри од болницата каде што е роден Роналдо, а блиску е и стадионот на неговиот младински клуб, Национал да Мадеира, каде што поминал две години.
За Кристијано, сето ова има големо значење и зазема посебно место во неговиот живот, па очигледно е зошто венчавката ќе се одржи токму таму.