„Имам плата од 2.500 евра и уште 1.500 евра бакшиш“, напишала 19-годишна келнерка на „Редит“ (Reddit), откривајќи колку месечно заработува во луксузен ресторан во еден хотел – и тоа во Германија.
Работи 40 часа неделно, а уште осум часа неделно поминува на втора работа. Секоја заработена пара ја вложува во обука за професионална пилотка, пишува „Merkur“.
Тврди дека се откажала од многу работи, редовно тренира и речиси воопшто нема време за пријатели.
Нејзината објава предизвикала вистинска лавина коментари – многумина ѝ посакале среќа, но најголемо внимание привлекол износот на бакшишот. Особено биле револтирани корисниците со високо образование, наведувајќи дека „келнерка заработува повеќе од програмер со факултетска диплома“.
Einkommen als Kellnerin F/19
byu/giacfc inFinanzen
Некои се пожалиле и што бакшишот не се оданочува: „Тоа е лудо.“ Еден корисник напишал: „Имам помала нето плата од неа, иако заработувам 80.000 евра бруто годишно.“ Други коментирале за високите давачки и придонеси во Германија, пренесува „Сити магазин“.
Додека едни најавиле дека отсега ќе оставаат помал бакшиш, други тврдат дека ваквите износи не се реткост во угостителството.
„Пријателка ми зема 15 евра на час, но секоја вечер добива околу 100 евра бакшиш“, пишува една корисничка.
Во понатамошната дискусија, келнерката повторно се јавила: „Да, бакшишот ми е добар, но не и највисок. Мојот главен келнер, кој има поголема секција и VIP-гости, без проблем заработува двојно повеќе.“
Во просек, вели таа, дневно добива меѓу 80 и 120 евра бакшиш. Мал дел оди и за кујната – автоматски ѝ се задржуваат 2,5 проценти.
Повеќето коментатори се сложиле околу едно: явно добро си ја врши работата. Но како всушност се формира износот на бакшишот?

Социологот Кристијан Стегбауер, кој го проучувал феноменот на бакшишот, објаснува за „BuzzFeed News Deutschland“ дека бакшишот не зависи само од квалитетот на услугата.
„Ако услугата е лоша, бакшишот е помал“, вели тој. Но, некои гости секогаш оставаат ист износ, без оглед на искуството.
Во луксузните ресторани персоналот внимателно ги набљудува гостите.
„Кај постарите парови кои веќе не разговараат многу, келнерите често започнуваат краток разговор, за да создадат блискост што може да влијае на висината на бакшишот“, додава Стегбауер.

Интересно е што и односот меѓу гостите игра улога. На прв состанок луѓето често оставаат повеќе за да не изгледаат штедливо. Ако некој остави премалку, тоа подоцна се коментира внатре во персоналот.
Кога повеќе луѓе од исто друштво плаќаат одделно, обично се водат по тоа колку оставил првиот што плаќа. Ако тој остави малку, останатите често додаваат повеќе за да го „спасат угледот на групата“.