Машин Ган Кели редовно се труди да го сврти вниманието на себе и речиси секогаш тоа го прави со изјави за сексуалниот живот.
Поранешниот или можеби и натаму сегашен партнер на Меган Фокс, Машин Ган Кели, редовно ја интригира јавноста.
Без оглед на тоа дали станува збор за турбулентниот заеднички живот или едноставно за изјави кои секогаш стануваат подлога за коментирање, тој успева да го привлече вниманието.

Овојпат раперот се појавил во Лас Вегас на трката на Формула 1 и ја искористил шансата да сподели еден експлицитен детаљ од животот, пишува „LADbible“.
„Само да знаете, сличен сум на возачите на Формула 1 кога сум во кревет во спалната соба затоа што сум многу брз и ми треба долго да дојдам до целта“, изјавил тој пред луѓето, а таа изјава била доволна да поттикне гласини за смирување со Меган Фокс.
Инаку, Машин Ган Кели и Меган Фокс беа верени од 2022 до 2024 година и од почеток ја шокираа јавноста. Кога во една прилика открија дека пиеле крв еден од друг, поголем дел од јавноста беше згрозена, а дури и вереничкиот прстен на Меган бил дизајниран така што да создаде болка доколку Меган се обиде да го извади.

Поради наводно неверство, Меган ја раскинала веридбата во моментот додека била бремена, но се чини дека парот се зближил по раѓањето на нивното дете.