[ФОТО] Бен Афлек речиси непрепознатлив: Се избричил и насмеал

Супермен

27/11/2025

08:46

948

Големина на фонт

а а а

Бен Афлек (53) се појавил на Формула 1 Гран при во Лас Вегас, каде привлекол големо внимание поради видливите промени во неговиот изглед.

Актерот, познат по неговиот опуштен стил, овој пат се појавил без брада, што предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.


Неговите обожавателки брзо реагирале, па така едните го пофалиле неговиот „попристоен“ и уреден изглед без брада, додека други признале дека Афлек им е поубав во неговата препознатлива, брадеста верзија. „Како и да е, тој старее како добро вино“, напиша една обожавателка.


Дури и се насмеал

Многумина ги изненади и тоа што актерот се насмеал, бидејќи во јавноста тој е познат по неговите воздржани и сериозни изрази на лицето. Афлек порано ги објаснил причините зошто остава таков впечаток.


„Не сакам да бидам на големи настани, не излегувам премногу. Доста сум срамежлив и не сакам да бидам пред камерите“, неодамна изјавил актерот.

Тој додал и дека се чувствува непријатно кога неговиот приватен живот е под лупа: „Кога станува збор за мојот живот надвор од глумата, не сакам луѓето да ме гледаат како се шетам во маичка или долна облека. Би сакал мојот приватен живот да биде уште поприватен. Не знам колкумина луѓе би сакале јавноста да им го анализира секој потег“, истакнал актерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk