Вработен во компанијата „xAI“ која ја води Илон Маск, работел 36 часа без сон, а неговите соработници тоа јавно го славеле како успех вреден за гордеење.
Објавата на социјалната мрежа „X“ ја споделил самиот вработен, наведувајќи дека канцеларијата ја напуштил целосно исцрпен, но „благодарен што е дел од тимот“.
Во истата објава навел дека во текот на работата бил „мртов уморен“, но и „полн со енергија“ со честитки по повод Денот на благодарноста. Неговите колеги од фирмата реагирале на пораката со поддршка, а еден од нив дури порачал дека „балансот меѓу работата и животот е одличен“.
Илон Маск се вклучил со кратка реакција во вид на емотикон, со што дополнително го зголемил впечатокот дека ваквиот екстремен работен ритам во компанијата не само што се толерира туку и се поддржува.
Work life balance is great, in-fact we recommend it to all our competitors.
— Ayush Jaiswal (@ayushjaiswal) November 29, 2025
Don’t be angry with this post. You’re free to disagree & let us cook :) https://t.co/SjzL0xs2m0
Маск низ годините е познат по заговарање на работната култура во која работата има апсолутен приоритет. Во текот на произведувањето на модел „Tesla Model 3“ тој спиел во фабриката, додека на вработените во поранешен „Твитер“ отворено им ја наметнал обврската на т.н. „хардкор режим“ на работа од 60 часа неделно со јасна порака дека оние кои не го прифаќаат тоа можат веднаш да си одат.
Истовремено Маск јавно предупредува на падот на наталитетот и повеќе пати истакнал дека луѓето „премалку раѓаат“, наведувајќи го сопствениот пример што има дури 14 деца. Токму со ваков модел на работа, бројните експерти ја гледаат и причината на истиот тој проблем затоа што преоптоварувањето со работа директно влијае на здравјето, стабилноста и личниот живот.
Самиот вработен од „xAI“ дополнително објавил дека со години работи екстремно долго и дека благодарение на тоа успеал да се извлече од речиси бездомна ситуација во 2020 година и да дојде до позиција во технолошката компанија.

Без оглед на обидите ваквиот пример да се претстави како инспиративен, бројни експерти предупредуваат дека работата без сон и екстремната исцрпеност носат сериозни здравствени ризици, од срцеви проблеми до трајно нарушување на психичката состојба.
Повеќе истражувања покажале и дека прекумерната работа долгорочно не ја зголемува продуктивноста туку ја намалува.
Пораката на еден корисник којшто реагирал под објавата можеби најдобро го отсликува проблемот: „Да го жртвуваш здравјето и разумот за фирма која би ве заменила истиот тој ден, не е никаков успех“.